Пукнатини на обвивката на реактор во Козлодуј

За време на редовниот ремонт на бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ се забележани пукнатини на заштитната обвивка на еден од реакторите, но бугарските власти ја отфрлаат опасноста од радијација или каков било друг ризик по луѓето или животната средина. Инцидентот не претставува ризик по човековото здравје или енергетскиот систем, изјави бугарскиот министер за економија Трајчо Трајков.