Ѕвонко Шундовски - в.д. селектор на ракометарите

Актуелниот тренер на ракометниот клуб Пелистер Ѕвонко Шундовски е назначен за вршител на должноста селектор на ракометната репрезентација на Македонија.
Шундовски ќе продолжи со подготовките на репрезентацијата и ќе го предводи националниот тим на натпреварите во квалификациите со Естонија и со Босна и Херцеговина на крајот од месецов.
Ѕвонко Шундовски беше тренер на репрезентацијата на Светското првенство во Хрватска во 2009 година кога селектор беше Илија Темелковски.
Само неколку часа претходно, досегашниот селектор Љубомир Савевски поднесе неотповиклива оставка.