Претседателот Иванов во посета на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе престојува во официјална посета на Србија, на покана од српскиот претседател Борис Тадиќ.
Се очекува, тие да разговараат за билатералните односи, за унапредување на економската соработка, како и за евроинтеграцијата на регионот.