Саркози - Пензиските реформи се неопходни

Судир на полицијата и студентите што протестираат против пензиските реформи во Лион

Францускиот претседател Николас Саркози најавува дека ќе продолжи со пензиските реформи и покрај штрајковите што се одржуваат ширум земјата. Според него, покачувањето на минималната возраст за пензионирање од 60 на 62 години е „суштинско“ за намалување на дефицитот.

Тој рече дека во Франција има 15 милиони пензионери, но дека нема пари за сите да се платат. За 10 отсто од нив да земат пензија се земаат кредити од банка, вели Саркози.

Штрајковите го прекинаа воздушниот и железничкиот сообраќај и јавните услуги, а стотици бензински пумпи се без гориво поради штрајкот на рафинериите.

Полицијата денеска употреби солзавец против студентите што фрлаа камења и палеа автомобили на протестите во Париз.