ОБСЕ загрижена за слободата на медиуми во Таџикистан

Претставникот за слобода на медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ изрази загриженост поради засилувањето на притисокот врз независните медиуми во Таџикистан. Во соопштението од ОБСЕ се наведува дека неколку таџикистански и странски информативни интернет портали се недостапни во Таџикистан веќе 20 дена. Во исто време, финансиската инспекција упадна во неколку независни весници и печатници поради што печатниците одбија да печатат дел од независните весници.