Министерот Јанакиески во посета на фабрика за автобуси во Кина

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Женгжоу, Народна Република Кина, ќе ја посети фабриката Yutong Group Co. Ltd. каде што треба да бидат изработени 202-те двокатни автобуси за потребите на ЈСП „Скопје“ што ќе бидат набавени од средства на Владата.
Заедно со него се и стручни лица од Бирото за метрологија, ЈСП „Скопје“ и Машинскиот факултет од Скопје кои ќе извршат хомологација и верификација на веќе изработениот прототип. Од тоа ќе зависи дали ќе започне сериското производство на двокатните автобуси од кои два се панорамски што треба да бидат готови до 2013 година.