Авганистан сепак ќе дозволи агенции за обезбедување

Авганистанската влада го повлече планот да ги забрани приватните агенции за обезбедување. Кабинетот на претседателот Хамид Карзаи соопшти дека компаниите што ги „обезбедуваат амбасадите, транспортот на дипломати, дипломатските резиденции, странските воени бази и складишта, може да продолжат со работа“.
Карзаи неодамна им нареди на сите агенции за обезбедување да престанат со работа до крајот на годинава.
Во Авганистан работат околу 50 агенции за обезбедување, во кои работат десетици илјади вооружени луѓе. Половина од агенциите се странски.