Ослободен американски бизнисмен во Иран

Иранските власти ослободија еден американски бизнисмен кој две години беше затворен во Техеран под сомнение дека одржувал врски со вооружена опозициска организација. Авокатот на бизнисменот рече дека се очекува, неговиот клиент да се врати во САД наредната недела.
Тој беше затворен затоа што му дал 200 долари на човек поврзан со опозициската организација Тондар. Бизнисменот тврдеше дека му дал пари на човек во неволја.