ФИФА ќе истражува корупција при организирањето Светски првенства

Светската фудбалска федерација ФИФА соопшти дека ќе ги испита наводите дека двајца членови на извршниот комитет на ФИФА се понудиле, за пари да гласаат за одредена земја да биде домаќин на Светското првенство.
Британскиот весник Сандеј Тајмс објави дека функционерите на ФИФА им дале таква понуда на нивни репортери кои се претставиле како лобисти за САД да ја добијат организацијата на Мундијалот во 2022 година.
ФИФА, на 2 декември треба да ги избере домаќините за светските првенства што ќе се одржат во 2018 и 2022 година. Во конкуренција за наредниот Мундијал се Англија, Русија и заедничките кандидатури на Шпанија-Португалија и Белгија-Холандија. За организација на Светското фудбалско првенство во 2022 година се борат САД, Јапонија, Јужна Кореја, Катар и Австралија.