Буџетскиот дефицит на САД, 1.300 милијарди долари

Американскиот буџетски дефицит на крајот на штотуку завршената фискална година изнесуваше 1.300 милијради долари, е соопштено во Вашингтон. Тоа е за 122 милијарди помалку од лани. Висината на дефицитот укажува дека владата морала да позајми 37 центи од секој потрошен долар, бидејќи приходите од данокот заостанувале зад давачките за невработените.