Русија ќе гради нуклеарна централа во Венецуела

Русија и Венецуела потпишаа договор со кој Русија ќе ја гради првата нуклеарна централа во Венецуела. Договорот беше потпишан за време на денешната посета на венецуелскиот претседател Хуго Чавез на Москва. Рускиот претседател Дмитриј Медведев оцени дека договорот ќе и помогне на Венецуела да развие модерни енергетски извори. Во Москва беа потпишани и неколку други договори за енергетска соработка меѓу двете земји.