Најголемиот тунел во светот ќе биде пробиен денеска под Алпите во Швајцарија. Изградбата на 57 километри долгиот тунел започна пред 15 години, а се очекува да биде пуштен во употреба во 2017-та година. Неговата изградба чини околу 7 милијарди евра и треба да го поврзе северниот и југо-источниот дел на Европа на 2000 метри под Алпите.