Грузијскиот парламент ќе гласа за уставни промени

Грузијскиот парламент денеска треба да гласа за измени во Уставот со кои премиерот ќе добие поголеми овластувања, а ќе биде намалена моќта на претседателот на државата. Критичарите велат дека всушност со ова се отвора простор, актуелниот претседател Михаел Саакашвили да остане на својата функција и по 2013-та, кога му истекува и вториот мандат.