Србија: декларација за осуда на злосторствата врз Србите во Југославија

Собранието на Србија синоќа усвои декларација со која се осудува злосторството над српскиот народ за време на војните во поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век и изрази солидарност за жртвите за време на НАТО бомбардирањата во Србија. За декларацијата гласаа 133 пратеници. Со декларацијата се осудуваат злосторствата над Србите за време на конфликтите во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Косово..Собранието ги повика и парламентите на другите земји пред се на земјите од поранешна Југославија да ги осудат злосторствата.