Славење во Чиле по спасувањето на 33 та рудари

Во Чиле денеска се прославува извлекувањето на сите 33 ца рудари кои 69 дена беа заглавени 700 метри метри под подвршината на земјата. Претседателот на Чиле Себастијан Пинера спасувањето го опиша како чудо што ја обедини земјата. Извлекувањето на рударите со специјално дизајнирана капсула траше помалку од 24 часа. Досега никој нема преживеано толку долго време под земјата. За судбината на чилеанските рудари не се знаеше ништо 17 дена откако се случи несреќата во рудникот за злато и бакар.