Во Џенова уапсени 17 српски навивачи, предизвикувачи на нередите

Италијанската полиција уапсила 17 лица, вклучувајки го и предводникот на нередите на натпреварот во Џенова меѓу Србија и Италија. Српските навивачи предизвикаа прекин на натпреварот со уривање на заштитната ограда, фрлање пиротехника на теренот, а го запалија и албанското знаме. Дивеењето на српските навивачи продолжило и надвор од стадионот, а 16 луѓе, вклучувајки и двајца полицајци биле повредени. Српската полиција соопшти дека ќе превземе мерки против предизвикувачите на нередите, а претседателот на српската фудбалска федерација Томислав Караџиќ оцени дека инцидентот бил инспириран и организиран од Белград. УЕФА го чека официјалниот извештај од својот делгат, по што ќе одлучи за мерките. Покрај тоа што Србија би можела да го загуби натпреварот со 3 спрема 0, можно е и нејзино исклучување од квалификациите за наредното европско првенство.