Во Чиле, во тек извлекувањето на затрупаните рудари

Во Чиле е во тек операцијата за извлекување на рударите, кои повеќе од два месеца беа заглавени на длабочина од над 600 метри. Со специјално изработената капсула веќе се извлечени неколкумина од рударите, а се очекува до крајот на денов да бидат спасени сите. Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера изјави дека се покажало оти кога има единство во Чиле, можни се чуда.