Протести против резултатите од изборите во Киргистан

Околу 100 луѓе протестираа денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек против резултатите од парламентарните избори, барајки пребројување на гласовите. Демонстрантите тврдат дека изборите во неделата биле наместени во корист на националистичката партија, чии членови се многумина поранешни колеги на соборениот претседател Курманбек Бакиев. Протести имало и во јужниот град Ош.