Уапсени организаторите на нападот во Владикавказ

Руските безбедносни власти соопштија дека уапсиле тројца исламистички милитанти осомничени дека го организирале самоубиствениот бомбашки напад во Владикавказ на југот на Русија на почетокот на септември. Властите соопштија дека милитантите се упасени пред околу две недели во Ингушетија. Двајца милитанти загинале во акцијата.
Во бомбашкиот напад во Владикавказ загинаа 19 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.