Гејтс - територијалните спорови закана за Азиско-пацифичкиот регион

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска предупреди дека територијалните спорови се растечка закана за стабилноста на Азиско – пацифичкиот регион. Тој ова го изјави на состанокот на министрите на АСЕАН и на САД, Русија, Кина и Јужна Кореја во Ханој. Кина и Јапонија се во спор за острови на источното кинеско море и неодамна таму дојде до судур на бродови.