Црвенковски - не се повлекувам од политиката

Не сме во Прилеп не за да го партизираме празникот или да го делиме народот. Тука сме да го испочитуваме нашето, тоа што сме и што не прави Македонци, рече на партискиот собир во Прилеп претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски.
Тој потсети дека на денешен ден во 1941. од Прилеп е почната борбата за слобода на македонскиот народ и за своја држава, а денес, како што истакна почнува „борба против ненародната власт“.
Според Црвенковски, власта ја држи во заложништво Македонија и не го признава и не го сака периодот на НОБ но и тој до 90-та година., а во периодот од 45 до 90-та година кој за власта е црн и погрешен, се поставија темелите на современата македонска држава, се изгради македонскиот национален идентитет, Тогаш се создаде богато културно творештво, македонска литература, Универзитетот, МАНУ, се возобнови МПЦ, истакна Црвенковски.
Тој ја обвини власта за лажен патриотизам и за фалсификување на историјата. Ја критикуваше и стапката на сиромаштија и на невработеност, како и нивото на странски инвестиции.
Коментирајќи ги информациите во некои од медиумите дека размислувал да се повлече Црвеконвски рече дека не планира такво нешто. - Јас не се повлекувам ниту од политиката, ниту од СДСМ, истакна Црвенковски.