Пет нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН

Генералното собрание на ОН денеска треба да избере пет нови непостојани членки на Советот за безбедност на оваа организација, со мандат од две години. Во трката за две места од Западните земји учествуваат Германија, Португалија и Канада. Африканското, азиското и латино- американското место беа пополнети оваа година, па се очекува Јужна Африка, Индија и Колумбија да победат и да се придружат на 15- члениот Совет за Безбедност. Советот за Безбедност на ОН, кој се грижи за мирот и безбедноста во светот, има пет постојани земји членки со право на вето- Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД. Десет земји членки се избираат со две годишен мандат и пет нови членови се избираат секоја година.