Продажбата на американско оружје на Тајван е проблем за Кина

Кина смета дека американската продажба на оружје на Тајван е најголемата пречка во односите на полето на одбраната меѓу Вашингтон и Пекинг. Кинеското Министерство за одбрана излезе со ваков став по средбата меѓу кинескиот министер за одбрана Лианг Гуангли и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во главниот град на Виетнам, Ханој. Двајцата министри се сретнаа на маргините на состанокот на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија(АСЕАН).