САД задоволни од полицијата на вчерашната геј-парада во Белград

Американската амбасада во Србија го осуди вчерашното насилство за време на геј-парадата во Белград и ја поздрави „професионалноста и воздржаноста“ на српската полиција.
Амбасадата изразува особено задоволство што државните органи, и покрај се, овозможиле одржување на парадата.
Во вчерашните насилства беа повредени околу 140 луѓе, најголемиот дел од нив полицајци кои ја обезбедуваа парадата.
Околу 6000 демонстранти-противници на одржувањето на геј-парадата се судрија со полицијата која ги спречуваше да не ги нападнат учениците на манифестацијата.