Состанок на АСЕАН во Ханој

Министрите за одбрана на 10 азиски земји почнаа да пристигнуваат во главниот град на Виетнам, Ханој, на средба на 10-члениот Сојуз на земјите од југоисточна Азија(АСЕАН). Дводневните разговори почнуваат утре.
На состанокот ќе учествува и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, како и кинески претставници.