Десетици повредени за време за геј-парадата во Белград

Најмалку 50 луѓе се повредени во судирите меѓу полицијата и противниците на геј-парадата во Белград, јавува агенцијата Бета. Инцидентите почнаа уште пред да почне собирањето на учесниците на парадата. Според неофицијалните информации, на Ургентниот центар во Белград се примени 40-тина повредени полицајци.
Екстремни десничарски организации и навивачи на фудбалските клубови ја каменуваат полицијата. Тие сакаат да ги пробијат полициските кордони и да стигнат до учесниците на парадата. Белград е под огромно полициско обезбедување.
Во инцидентите е повреден и новинарот на Радио Слободна Европа Џемс Кирчик.
Утринава дел од српските медиуми објавија дека еден од организаторите на денешната геј-парада во Белград, Бобан Стојановиќ е претепан, но таа информација е демантирана.
Хулиганите ги претепаа учесниците на геј-парадата во Белград во 2001 година. Минатата година, и покрај најавите, парадата не се одржа поради стравување за безбедноста на учесниците.