Во Собранието заврши општата расправа за законот за Попис

Собранието на Македонија на денеска ја заврши општата расправа за Предлог законот за попис на населението година, во прво читање. Предвидено е деветтиот попис во државата да се спроведе од 1 до 15 април 2011.
Пописот, според предложениот закон, ќе го спроведе Државната пописна комисија, во соработка со Државниот завод за статистика. Државната пописна комисија ќе биде составена од 25 члена именувани од Владата.
Попишувањето ќе се спроведува на македонски јазик и кирилично писмо, а во деловите од земјата каде над 20 проценти од населението се припадници на немнозинската етничка заедница, изјаснувањето ќе биде по сопствен избор, на македонски јазик или на јазикот на етничката заедница.