Балкански симпозиум за природен гас

Премиерот Никола Груевски и министерот за економија Фатмир Бесими денеска во Скопје ќе учествуваат на Балканскиот симпозиум за природен гас, ИНГАС 2010. Собирот е во организација на турската компанија за дистрибуција на природен гас ИГДАШ од Истанбул, која е една од водечките компании на овој сектор во Европа.