Средба на ММФ и Светска Банка

Ризикот од потенцијална глобална војна за валутата ќе биде темата на денешните состаноци во Вашингтон меѓу претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. Ваквите стравови беа иницирани од страна на директорот на ММФ, Доминик Штраус Кан кој изјави дека потценувањето на кинската валута јуан е извор на тензија во светската економија, која може да прерасне во закана за нејзината стабилност.