Нов 24 часовен штрајк во јавниот сектор во Грција

Вработените во државните служби во Грција денеска се во 24 часовен штрајк поради мерките на владата за штедење. Синдикатите тврдат дека мерките на владата за намалување на платите и пензиите и зголемувањето на даноците ја кочат економијата, има отпушатња од работа, а многу мали фирми пропаднале. Грчката влада е принудена на вакви мерки поради големиот буџетски дефицит и засега нема намера да се откаже од нив.