Србија соработува со Хаг, ама Младиќ е проблем

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц пред пратениците на холандскиот Парламент изјави дека соработката на Србија со Судот во Хаг значително се подобрила, но апсењето на Ратко Младиќ и натаму останува проблем.
Брамерц оцени дека притисокот врз Србија и условувањето остануваат клучни инструменти за апсење на преостанатите лица по кои трага Хашкиот трибунал.
Брамерц и европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска се обраќаат пред Парламентот на Холандија, кој треба да го формулира конечниот став за кандидатура на Србија.
Земјите членки на ЕУ треба да одлучат за српското барање за членство во Унијата на состанокот на Советот на министрите на ЕУ, на 25 октомври во Луксембург.