Авганистанските власти запленија 20 тони експлозив

Авганистанската полиција соопшти дека запленила 20 тони експлозив увезен од соседен Иран. Експлозивот бил скриен во кутии на кои пишувало дека има храна, играчки и кујнски прибор.
Талибанците најчестo користат импровизирани бомби направени од стара муниција и експлозив.