Клинтон со евро-атланска подршка за Србија, Босна и Косово

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од 11 до 14 Октомври ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Брисел, потврди Стејт Департментот. Клинтон овие Балкански држави ќе ги подржи на патот кон НАТО и Европската Унија. Американскиот државен секретар, како што е потврдено во американската амбасада во Скопје, нема да ја посети Македонија.