Нов командант на НАТО во Неапол

Американскиот вице- адмирал Семјуел Локлир денеска ќе ја преземе должноста командант на Здружената команда на НАТО во Неапол. Тој досега беше директор на морнаричкиот штаб на САД, а извршувал и повеќе високи должности меѓу кои и командант на 3-та Флота на американската армија. Должноста командант на Здружената команда на НАТО во Неапол во изминатите три години ја извршуваше адмирал Марк Фицџералд. На церемонијата на примопредавање на должноста во Неапол ќе присуствува и македонска делегација предводена од заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев.