Состанок за терористичката закана за Европа

САД ќе испратат свој претставник на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург. На состанокот треба да се разговара за заканата од терористички напади во европските градови. Според дипломатски извори, нападите ги планираат државјани на Унијата кои биле обучувани во Пакистан.