Пад на малопродажните цени во еврозоната

Малопродажните цени во 16 држави на еврозоната во текот на август годинава неочекувано паднале, покажуваат денеска објавените статистички податоци. Тоа, според експертите, е уште еден знак дека и натаму се намалува довербата на потрошувачите и покрај извесното економско заздравување. За одржлив економски развој е потребна зголемена потрошувачка, особено во моментот кога американската економија повторно покажува знаци на слабеење, велат економистите.