Убиени германци во американски напад во Пакистан

Пакистанските безбедносни служби соопштија дека во напад извршен со американско беспилатно летало во Пакистан биле убиени осуммина милитанти, меѓу кои и петмина германски државјани со турско или арапско потекло. Нападот бил извршен врз едно село во Северен Вазиристан, кој се граничи со Авганистан и за кој се верува дека е засолниште на милитантите поврзани со талибанците и со Ал Каеда. Во изминативе денови Соединетите држави и неколку други европски земји издадоа предупредување до нивните граѓани за можни терористички напади во Европа. Американските разузнавачки служби соопштија дека нападите биле поврзани со милитанти во Пакистан.