Саркози повикува на „ нов монетарен поредок“

Францускиот претседател Никола Саркози синоќа во Брисел на првоот ден на самитот Азиско-европскиот форум повика на „ нов монетарен поредок“. Саркози во својот говор пред учесниците на самитот, изјавил дека во време кога „Г7 веќе не е легитимен“ нема каде да се зборува за монетарните прашања, сите земји прават што сакаат, со право се обидуваат да го сочуваат својот суверенитет, но како што вели тој, ние живееме во 21 век без „монетарен поредок“. Прашањето за новиот монетарен поредок Саркози го постави за приоритет на француското претседавање со Г-20 на 12 ноември.