Русија и Украина ќе се поврзат со мост

Рускиот претседател Дмитри Медведев и неговиот украински колега Виктор Јанукович одлучија да го оживеат планот за поврзување на двете земји со голем мост. По нивната средба двајцата претседатели изјавија дека владите на двете држави ќе изготват студија за идејата на изградба на мост кој треба да биде поставен од рускиот Краснодар до украинскиот Крим. Медведев додаде дека мостот треба да биде завршен до 2014-та кога Русија ќе биде домаќин на Зимските Олимписки игри.