Забрането во Косово за Николиќ и Илиќ

Косовската полиција и ЕУЛЕКС ги спречија претседателите на Српската напредна странка, Томислав Николиќ и на Нова Србија, Велимир Илиќ да влезат на Косово за да присуствуваат на востоличувањето на патријархот на СПЦ, Иринеј.
Косовската влада соопшти дека издала дозвола, на церемонијата да присустваува само српскиот претседател Борис Тадиќ. Не е издадена дозвола за влез на ни еден друг официјален претставник на Србија.