Пакистан засега не ја отвора границата кон Авганистан

Пакистан соопшти дека ќе ја отвори важната рута за снабдување на колациските сили во Авганистан кога ќе се намали гневот во јавноста и кога ќе се подобри безбедноста. Властите во Пакистан се лути на НАТО поради континуираните упади и бомардирањата на пакистанска територија, кои зачестија минатата недела. Тие го блокираа важниот граничен премин меѓу Авганистан и Пакистан откако во еден напад, НАТО-силите убија тројца пакистански војници.