Сенадер - Се враќам во Хрватска, не се плашам од ништо

Поранешниот хрватски премиер Иво Сенадер најави дека наредната недела ќе се врати во Хрватска. Од САД каде што во моментов се наоѓа, Санадер порача дека не се плаши од ништо. Медиумите го поврзуваат неговото име со бројни корупциски афери. Тој ја напушти земјата откако беа уапсени неколку високи државни функционери од неговата поранешна партија ХДЗ.