ММФ: Да не се девалвираат националните валути

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан ги предупреди земјите да не ги девалвираат сопствените валути со цел да го зголемат извозот. Тој рече дека таквите чекори може да го загрозат закрепнувањето од светската економска криза. Штрос-Кан изјави дека девалвирањето на националните валути ги поттикнува другите земји да се одмаздуваат.
Кина претходно доби критики дека намерно го одржуваат јуанот низок за да го стимулираат извозот.