Google наместо домашни пребарувачи

Google.com доминантен во интернет пребарувањето

Mакедонските корисници на интернет ретко или никогаш не користат македонски пребарувачи.
Македонските корисници на интернет, ретко или никогаш не користат македонски пребарувачи. Ова го покажало истражувањето на Центарот за нови медуими. Со овој податок истражувачите констатирале дека постои јаз меѓу достапните содржини на македонски јазик и корисници кои се обидуваа тоа да го надминат со кирилично пребарување на странските пребарувачи. Дури 97 проценти од испитаници пребаруваат на Google - 74 отсто од нив го користат, google.com а само 7 проценти ја користат македонскта верзија google.com.mk.
Значи резултатите на google.com и на google.com.mk значително се разликуваат кога пребарувате нешто и тоа значително влијае на квалитетот на пребарувањето и начинот на кој што ги пишувате зборовите. Сето тоа мора да се има предвид.


„Значи резултатите на google.com и на google.com.mk значително се разликуваат кога пребарувате нешто и тоа значително влијае на квалитетот на пребарувањето и начинот на кој што ги пишувате зборовите. Сето тоа мора да се има предвид“, презентира интернет-консултатнот Дарко Булдиоски.

Новинарката Зорана Гаџовска го интервјуира комуникологот Сеад Џигал, еден од авторите на истражувањето

Комуникологот Сеад Џигал вели дека една од причините за некористењето на македонските пребарувачи е тоа што младите корисници кои растат со интернетот се под поголемо влијание на англискиот јазик и содржини и тие помалку се интересираат да пребаруваат на кирилица:

„Од друга страна немаме таков силен бренд кој што ќе ги промовира тие вредности односно пребарувањето на кирилица, на интернет. Денес бевме сведоци дека се случува тоа, но допрва треба да се направи тој пробив каде што препознатлив бренд, како што е во случај доминатниот бренд на google.com, ќе биде претпознатлив и за домашната публика. Мислам дека тоа се двата најважни фактори.“

Џигал додава дека и степенот на интернет писменоста треба да се зголемува, а со тоа и ќе расте и пребарувањето и користењето на интернетот содржините на кирилица. Тој вели дека во Македонија има луѓе и капацитети да се подобри состојбата но треба да се вложи многу труд и работа во тоа.
Еден од македонските пребарувачи borg.mk е во подем и користи нови методи за подобрување на пребарувањето со употреба на кириличното писмо:


„Значи кога ќе ги споредувате borg.mk и google.com, далеку посупериорен е borg.mk затоа што google.com не прави транслитерација и има голем контент што го има на кирилица, а ако внесеш латиница нема да го најде“, вели еден од основачите на пребарувачот Игор Трајковски.

Истражувањето покажало дека речиси една третина од испитаниците поминуваат 8 часа на интернет.