Зголемена безбедноста во северна Индија

Во северниот дел на Индија е зголемена безбедноста поради стравот од насилства во очекување на пресудата околу правото на земјата во Ајдохиа – свето место и за индусите и за муслиманите. Во 1992 година индуските ултранационалисти ја урнаа џамијата по што 2 илјади лица беа убиени во насилствата. Во Утар Прадеш денеска се распоредени над 190 илјади приопадници на силите за безбедност.