Консултативни состаноци по оставката на Сејдиу

Синоќа во Приштина е одржан состанок на претставниците на институциите на Косово со шефот на Меѓународната цивилна канцеларија Питер Фејт и со амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија. Според агенциските вести, на средбата станало збор за ситуацијата настаната по оставката на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Се наведува дека во текот на вчерашниот ден биле одржани неколку состаноци на меѓународните претставници во Приштина.