Извештај за меѓуетничкиот дијалог и соработка

Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор денеска во Скопје ќе го презентира Извештајот со резултатите од заедничката проценка на националните и локалните капацитети за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка. Извештајот, кој е прв од ваков вид, е изработен од 75 претставници од сите засегнати групи на национално и локално ниво што ги покриваат општините Кичево, Куманово и Струга.