Косовскиот премиер Хашим Тачи ја поздравил одлуката на Фатмир Сејдиу да поднесе оставка од местото претседател на Косово, по оценката на Уставниот суд дека го прекршил Уставот извршувајќи ја истовремено и функцијата лидер на Демократскиот сојуз на Косово. По оставката на Сејдиу, должноста претседател на Косово до изборот на нов шеф на државата, ќе ја извршува претседателот на Парламентот Јакуп Красниќи.