25 европски туристички дестинации се наградени

Наградата „ Најубава европска дестинација во акватуризам“ што се доделуваше синоќа во Брисел ја добија 25 европски туристички места. Проектот „ЕДЕН“ за избор на најубави туристички дестинации започна пред 5 години и неговата цел е создавање на европска туристичка мрежа и промовирање и откривање на нови дестинации во Европа. Меѓу наградените се езерото Тис во Унгарија, Монте Изола во Италија, Гварда во Шпанија и реката Колпа во Словенија.