Солзавец за грчките камионџии

Полицијата употреби солзавец за да ги растера грчките превозници што сакаа да го блокираат автопатот Солун - Атина. Камионџиите штрајкуваат веќе трета недела. Полицијата соопшти дека уапсила еден човек за време на денешните немири.
Превозниците не ја испочитуваа владината наредба за итно враќање на работа.